2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Конфликтите да останат во минатото, а да се развива соработката, рече косовскиот амбасадор Дедај во Битола

Март 29, 2019

Конфликтите мора да останат во минатото, а да се наметнат демократски норми, рече косовскиот амбасадор Ѓерѓ Дедај при работната средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Од неговото доаѓање на амбасадорската позиција во земјава, ова е негова прва официјална посета на Битола.

 

Абасадорот Дедај го истакна стратешкото геополитичко значење на Битола во цел Балкан, како космополитски град, чиј дух на топлина може да се почувствува од секој посетител. Според него, време е Балканот да се ослободи од предрасудите, сеедно дали се тие од идеолошки, верски, политички, национален или било кој друг карактер и да се отпочне процесот на европеизација. Воедно посочи дека време е за да зголеми економската соработка на двете земји.

„Конфликтите мора да останат во минатото и потребно е да се наметнат демократски норми“, истакна Дедај.

Домаќинот на средбата, градоначалничката Петровска, уште еднаш го нагласи зачуваниот космополитски дух на Битола, во кој уште одамна, голем дел од жителите знаеле и зборувале по неколку јазици.

„Денес е повеќе од потребно, да има заедничка толеранција и освестување дека сите сепак имаме исти потреби за живеење, создавање на семејства и дом. Сепак, за да може Битола да го има приматот на светска туристичка атракција, мора инфраструктурно да се среди“, потенцираше Петровска.

На крајот од средбата, косовскиот амбасадор истакна дека ќе биде интензивиран процесот на отворање на новиот почесен албански конзулат во земјава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани