АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на на хуманитарното здружение „Млади хуманисти“ од Битола, Бојан Тодоровски и градоначалничката, Наташа Петровска, потпишаa договор за соработка.
Со овој договор од здружението очекуваат поддршка од општина Битола за нивните активности, а исто така, на средбата било разговарано од потребата за канцеларија, со што активистите полесно и поефикасно би ги реализирале своите планови.
Здружението неодмана одбележа 1 година од своето постоење, има околу 50 членови, кои главно се насочени кон помош и подршка на социјално загрозени семејства.
Во моментот хуманитарното здружение „Млади хуманисти“ ја спроведува акцијата за собирање финансиска помош за болно девојче од Битола, кое е потребно да се лекува во Русија.
За таа цел, здружението в сабота, на 2 декември, во Задруга Артикултура, организира хип хоп хуманитарна забава со DJ Roman I DJ Rothman