АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Она што изгледаше како невозможна мисија, јавните претпријатија го исполнаа – станаа сервис за граѓаните, како што им доликува. Без скандали во јавните набавки, без кривични пријави за директори, без трошка сомнеж во домаќинското и одговорно располагање со народните пари, битолчани се задоволни од работата на јавните претпријатија во градот.
Не постои јавно претпријатие во Битола каде изминатите три и пол години драстично не е променета сликата во работењето. Процесите на работа се модернизираат, програмите за работа се исполнуваат, се инвестира во иновативни решенија се со цел подобри услуги за граѓаните, се враќаат во живот дејности на јавните прептријатија кои во претходниот период без испустени.
Нема јавно претпријатие во Битола кое има не работи позитивно, кое нема пари на сметка за да ги исполни обврските кон своите вработени и кон граѓаните. Притоа, платите на вработените во континуитет растат, непродуктивните трошоци се намалуваат. Дури и во ковид криза, јавните претпријатија успеаа да ги задржат сите вработени, да ги зголемат своите приходи, да ги прошират или подобрат своите услуги.
Да не се лажеме. Со неработење ова не се прави. Напротив, потребно е многу работа, труд и посветеност за успеси. Изминатите три и пол години, Битола не само што доби две нови јавни претпријатија и една општинска установа, туку успеа од сите што со децении постојат во градот да направи успешен модел за работа. Се вратија милиони денари долгови, се регулираа услуги што полнеа приватни џебови. Вие, почитувани граѓани, најдобро ја гледате разликата, вели Жаклина Наумовска, советник во Советот на Општина Битола од СДСМ.