АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрална изјава за проблемот со бездомните кучиња од денешната прес конференција на градоначалникот Тони Коњановски
Советниците од СДСМ денеска до Основното јавно обвинителство поднесео кривична пријава против градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, затоа што, како што наведуваат не ги потпишал одлуките од 27-та седница, кога беа изгласани разрешувања на членовите на Управните и Надзорните одбори во 6 јавни претпријатија.
СДСМ Битола ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот Тони Коњановски за непостапување по одлуките на советниците за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на шест јавни претпријатија во Битола!
-Уште една манипулација од градоначалникот Коњановски , затоа што тој проект за изградба на кружен тек кај Ветеринарното беше во програмата за економски развој, и ние велевме дека таму треба да има кружен тек, но не во габарит на фудбалско игралиште, кој што е непотребен и нефункционален, ќе го оштети зеленилото, кажавме јасно и гласно дека нема да дозволиме сечење на дрвјата. Ние ја поддржавме програмата за економски развој во која што ветуваат нова Противпожарна станица, мултифункционален спортски објект, се што опфаќа таа програмата, а тука е и кружниот тек. На 28 декември 2022 година, советничката група на СДСМ и коалицијата гласаа "ЗА" за амандман предложен од ДПМНЕ со кој требаше да се предвидат пари во буџетот за изградба на кружен тек кај Ветеринарното под услов проектот да биде ревидиран и да не предвидува сечење на дрвјата и зеленилото во околината. Тие ветија дека нема да биде истиот проект на Владимир Талески, кој што не го прифатија граѓаните, а го одби и Советот, беше стопиран, ветија дека ќе има нов проект. Градоначалникот Коњановски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ поддржуваат проект на Владимир Талески, за кој ние сме на истиот став и тогаш и сега, тој проект не е добар, вели Борче Корелвски, советник од СДСМ
исечок од 22 Седница на Совет на Општина Битола (28.12.2022)