×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Лажна вест е дека може да се прави нов договор за Македонија да продолжи по европскиот пат

Август 12, 2023

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер ги оцени како лажни вести најавите дека некој ќе може да го репреговара договорот кој беше постигнат со Европската унија за отпочнување на преговирите за членство во европското семејство. Со ваквите изнесени јавно ставови на Агелер во емисија на „Канал 5“ паѓаат во вода тврдењата на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека е можно да се постигне нов договор.

-Европската унија беше кристално јасна за тоа што се бара од оваа земја за да се придвижи напред кон интеграцијата и да биде целосно рамноправна членка на евроатлантската заедница. Тоа ќе се постигне со исполнување на обврските од Договорот постигнат минатото лето. Она што е лажна вест е дека некој може да го репреговара договорот постигнат минатото лето. Тоа е лажна вест. Исто така лажна вест е дека е можен подобар договор кој се уште не сме го откриле, вели Агелер.

За ваквата изјава на Агелер од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која е кочничарот за придвижувањето на земјава по европскиот пат, немаат контра одговор. Аргументите да не ги гласаат уставните измени им се изгубени во шумата од „лажни вести“ кои ги лиферуваат и ја замајуваат јавноста цела една година откако е преземена обврската да се впишат Бугарите во Уставот.

-ВМРО-ДПМНЕ се бори и се залага за фер шанса и за заштита на македонскиот идентитет и посебност и тоа се легитимни барања, легитимна борба и ќе продолжиме да се бориме, одговори портпаролот Наум Стоилковски.

И од Алијанса за Албанците во обид да го предомислат ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени излегоа со конкретен предлог кој го пренесе лидерот Арбен Таравари. Тие го повикуваат ВМРО ДПМНЕ да дадат поддршка за првата фаза на уставните измени, па потоа да има веднаш предвремени избори, по што останува обврската на било која идната влада да ги гласа и втората и третата фаза на уставните измени, што би било некаква гаранција дека земјата ќе го продолжи патот кон ЕУ.

И на ваквиот предлог како по обичај од ВМРО ДПМНЕ немаат конкретен и издржан договор, туку му порачуваат на Травари да си ја гледа градоначалничката работа

Извор 24инфо.мк

Линк https://24info.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани