
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во текот на месец мај, Јуроп хаус Битола продолжува да го одбележува Денот на Европа преку програма што ги поврзува младите, културата и заедничките европски вредности. Мрежата на Јуроп хаус низ целата земја, создава простор каде заедничи се слави идејата на поврзана заедница.
Во тој дух, на 14 мај, Големото плато на Офицерски дом во Битола ќе биде просторот на една современа приказна. Публиката ќе има можност да ја ужива Европа со музичко доживување под отворено небо, каде вечерта ќе започне со DJ сет на Dejan Dex – препознатлив по својот внимателно одбран звук и уметноста да создаде добра атмосфера. Со својот музички израз, тој ќе ја постави енергијата за она што следува.

На сцената ќе настапи Funk Shui – еден од најавтентичните современи македонски бендови, единствени по својот спој на алтернативен звук, искрена лирика и звук што го носи потписот на една урбана генерација. Funk Shui, со нивните совршени текстови што ги прати маестрална музика, се музичкиот глас на младите, уметници што создаваат атмосфера во која секој стих и секој тон добиваат лично значење.
Бидете дел од урбаната приказна исполнета со добар звук, позитивна енергија и чувство на заедништво. Придружете ни се заедно да ја почувствуваме и уживаме Европа низ музика, да го славиме она што нè поврзува. Ова прославување носи вистинска вредност, бидејќи Денот на Европа е значаен затоа што го живееме заедно, низ моменти што инспирираат, обединуваат и создаваат спомени за паметење.



Благодарност до:
Општина Битола