×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Здружението на пензионери со план за поорганизирано снабдување со огревно дрво

Декември 19, 2018

Со цел да се избегнат ситуациите од минатите години кога дел од пензионерите го имаа платено огревното дрво, а го добиваа со доцнење, Здружението на пензионери од Битола со нова стратегија за набавка на огрев за нивните членови. Договорите за набавка на огревно дрво за 2019 година ќе се склучуваат меѓу пензионерите и фирмите за сечење и дотур на дрва. На овој начин, пензионерите ќе имаат гаранција дека дрвата ќе ги добијат навреме, пред почетокот на грејната сезона. Ова е одлука донесена од Извршниот одбор на Здружението на пензионери.

 

„ Голема дискусија се водеше околу запишувањето за купување дрва за пензионерите. Беше речено дека лани имаше доста пропусти на тој план поради што годинава ќе биде посистематски извршена таа работа. Шумските претпријатија откако ќе добијат од Влада одобрение колкава количина дрва ќе може да биде исечена за огрев, ќе треба да се најдат фирми за сечење и за дотур на дрва, па пензионерите со нив ќе склучат договор“, соопштија од Здружението на пензионери.

Новина е и тоа што договорите ќе се склучуваат по месните ограноци на Здружението за да не доаѓа до метеж. Се очекува да се сечат околу 10 000 метри кубни дрва за потребите на пензионерите од Битолско. Минатата година се исекло дрво од 10 500 просторни метри за потребите на 1630 пензионери.

Извршниот одбор на состаникот што се одржа деновиве ја прифати програмата за активности во следната година која е мошне богата и разновидна.

По повод новогодишните празници одлучија да донираат по 75 чаршафи во Старскиот дом „Сју Рајдер“ и Хосписот за термална нега во Битола.

Ќе бидат доделени и новогодишни пакетчиња за децата од Заводот за лица со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ и за учениците од специјалните паралеки во ОУ„ Ѓорги Сугарев“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани