АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола на денешната седница информираше дека деновиве започна дотурот на огревно дрво за оние пензионери што навреме ги уплатиле давачките за огрев. Се очекува до крајот на септември сите пензионери што се запишаа за добивање на огревно дрво да ги добијат потребните количини.
Претседателот на извршниот одбор на Здружението на Пензионери од Битола, Томе Димитровски, кој раководеше со седницата најпрвин информира за активностите на Сојузот на пензионери на Македонија каде егзистираат 53 здруженија дека согласно мерките за заштита од Ковид 19 и годинава да се одржат одредени активности од културно забавниот и спортскиот живот на пензионерите кои се 16% од населението во државата.
Членовите на ИО донесоа одлука за донирање на 20 илјади денари за набавка на материјали за поуспешно справување на медицинските установи за заштита од пандемијата. Исто така, се донесе одлука да се склучи Меморандум за соработка со Македонското научно друштво од Битола. На седницата на ИО на Здружението на пензионери од Битола, Димитровски истакна дека и во Сојузот на пензионери минатогодишното работење е позитивно зашто се работело економично и домакински.