АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамките на проектот „Грижа за зравјето на старите лица“, а со финансиска поддршка од Општина Битола од Програмата за социјална заштита за 2021 година, во просториите на Здружението на пензионери се одржа стручно предавање на тема „Остепороза, фактори на ризик за појавување и превенција , исхрана и вежбање“.
Предавањето го одржа специјалистот по интерна медицина и субспецијалист ревматолог Марија Налбанти. Претседателката на Здржението на пензионери од Битола, Даница Петличкова, пред присустните пензионери рече дека се одлучиле да организираат вакво предавање зашто воздрасните лица често оболуваат од оваа болест. За таа цел предавањето беше насочено за самозаштита , превенција и лекување на остеопоразата. На предавањето беа изнесени факторите на ризик, исхрана и вежбање за заштита од оваа болест.