АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Отворена е дневна болница заедно со специјалистичко- консултативна и интернистичка амбуланта во хосписот „Сју Рајдер“ во Битола. Од сега ќе може и надворешни пациенти преку упат од матичен лекар и Мој термин да ги користат здравствените услуги во дневната болница. Таа е смесетан во дел од утановата кој не се користел подолго време, а средствата за реновирање биле обезбедени како донација за време на мандатот на поранешната градоначаничка Наташа Петровска.
„Инвестициите се благодарение на Наташа Петровска која за време на нејзиниот мандат ни донира средства од 10 000 евра за реконструкција на постечката просторија во дневна болница која се состои од 6 кревети, соба за мониторирање и интервенција каде пациентите се одделени од стационарниот дел и за нив ќе се погрижи посебен тим. Мебелот и останатата опрема се америчка донација“, рече Салија Љатиф Петрушовска, директорка на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „11 Ноември“ во Скопје, во чиј склоп работи Хосписот.
Планирано е до крајот на годината да се отвори и специјалистички кабинет по физикална терапија и биохемиска лабораторија, а од в година и невролошкиот кабинет.
„Во овие хоспис центри се лекуваат и згрижуваат пациенти на кои им требаат дологотрајна грижа, и посебо во овој период на ковид пандемија нивното лекување и прегледи е доста отежнато кога треба да се префрлуваат од стационарниот дел во болниците и останатите здравствени установи. Па не само за надворешните, ова е олеснување и за пациентите кои тука се згрижени. Најавата за отворање на други специјалистички амбуланти ќе го подигне нивото на здравствена заштита и на квалитетот на престојот на пациентите“, рече заменик министерот за здравство Владимир Рендевски.