Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и генералниот секретар на Националниот младински совет на Македонија Мариана Ангелова, потпишаа Меморандум за соработка, со цел меѓусебна соработка во реализација на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите“, во насока на креирање на рамка за долгорочна самоодржливост на проектот, како еден од начините за подобрување на условите за младите луѓе во земјава,
Градоначалникот Коњановски посочи дека со потпишувањето на овој Меморандум за соработка се поставува рамка на делување, преку заеднички заложби, разбирање и заедништво помеѓу општината и претставниците на младите, за да се овозможи организирање на настани, обуки и други активности во интерес на зголемените можности за младите преку воспоставување на Младински центар - МладиХаб во Битола.
Двете страни, потписнички на Меморандумот, имаат свои обврски во натамошната соработка, а претходно со Одлука донесена од страната Советот на Општина Битола, е дадена согласност за сместување на Младинсиот центар во просториите на У.З. „Вељко Влаховиќ“.
Функционирањето на Младинскиот центар – Младихаб во Битола, ќе биде во насока на реализирање на настани од интерес на младите, одредени видови на програмска и проектна соработка во интерес на подобрување на условите за младите во државата, ктивности за промоција на тековни мерки за вработување, обука или дообука на млади спроведувани од граѓански организации или институции.