АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иницијативата на Стопанската комора за зајакнување на врските меѓу потребите на пазарот на трудот и вештините на младите преку воведувањето на дуалниот модел на образование, како најефикасен начин за обезбедување квалификуван и стручен кадар за компаниите, станува реалност. Сѐ поголем е интересот на компаниите да обучат ученици, идни вработени, во согласност со своите потреби, затоа што компаниите стануваат свесни дека на ваков начин побрзо ќе дојдат до сопствен кадар, а учениците преку овој модел на стручно образование имаат можност да се стекнат со стручни вештини и поголема веројатност да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, да најдат соодветно вработување во согласност со стручната подготовка по добивањето на нивната диплома и да имаат солиден личен приход.
Тоа беше причината, денес, директорот на АД „Киро Дандаро“ од Битола, Драги Милошевски, да потпише Меморандум за соработка со СОУ „Таки Даскало“, Битола за отворање дуална паралелка во секторот графичарство. На овој начин учениците ќе имаат можност теоретското знаење да го стекнат во училница, додека практичните вештини во печатницата „Киро Дандаро“.
Печатницата „Киро Д. Дандаро“ започнала со работа во 1944 година, како занаетчиска работилница со 22 вработени, за по шест децении да израсне во современа графичка индустрија со околу 200 вработени со различни видови на квалификации. Од своите почетоци, до денес, печатницата го сочува развојниот континуитет, следејќи ги достигнувањата на европско и светско ниво во графичката индустрија и работејќи по современи принципи и со најсовремена технологија. Затоа денес печатницата е синоним за графичката индустрија во државата.
Преземено од https://www.mchamber.mk