АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во периодот од 7 до 14 март оваа година тим од основното училиште “Даме Груев“ –Битола учествуваше во Еразмус +мобилност во Финска со име на проектот „ Игра за“, заедно со уште четири партнер училишта од Турција, Италија, Грција и Литванија.
Тимот составен од наставничките Соња Јанкуловска и Биљана Додовска Георгиев отпатуваа за Финска додека пак ученците заедно со своите одговорни наставници Кети Неделковска ,Весна Дунимагловска, Мирјана Тасевска, Митко Јаневски и Христијан Талевски од Битола активно учествуваа on-line во реализција на работилниците и планираните активности .
Домаќин на оваа мобилност беше Основното училиште Cygnaeus Skola во градот Турку во Финска .
За време на престојот учениците заедно со своите наставнички учествуваа во бројни работилници, активности и посети на културни споменици и места во Турку , преку кои се запознаа со културата на Финска и останатите земији учеснички во проектот . Преку презентациите за секое училиште град и држава се разбуди нивната љубопитност за животот ,начинот на изведување на настава и воннаставни активности во другите земји партнери во проектот.
Запознавањето со финскиот училишен систем како и нивните програми и примена на проектот Кива за борба и спречување на учишното насилство во нивните училишта кое е од особено значајно искуство за нас. Со спроведување на дел од стекнатите искуства можеме да ја подобриме нашата работа со ученицте и да придонесеме истите гласно да зборуваат против насилството.
Накратко, ова беше неверојатна недела полна со стекнување нови вештини и знаења. Да се има комбинирана мобилност беше нешто што никогаш претходно не сме го пробале, но навистина вредеше. Моите 30 ученици чувствуваа радост и возбуда за време на повеќето активности. Сите наставници, ученици и училишниот персонал беа толку добредојдени. Посебна благодарност до Мина Муалим која е координаторка на финското училиште што направи да чувствуваме голема радост и интерес во текот на целата мобилност истакна на крајот координаторот Соња Јанкуловска.