2win800x200

Битола се чисти и разубавува

Март 21, 2022
Општина Битола објави дека  во соработка со ЈП Комуналец, ЈП Водовод и КЈП Нискоградба, спроведува повеќе активности за поубава и почиста Битола. Работните активности кои почнаа минатата седмица, со почетокот на пролетта, продолжуваат со зголемен интензитет:
Исчистен е патот до Црквата „Свети 40 маченици“, кај месноста Кркардаш во должина од 500 метри
Исчистена е депонија во населбата „Мал Париз“
Подигнато е вкупно 250 м³ отпад
Исчистени се повеќе мали депонии
Поставени се висечки жардињери низ Широк Сокак, а денес цветно се уредува и просторот кај „Саат кулата“ и на улица „Рузвелтова“
Следуваат активности за расчистување и оплеменување на парковите и зелените површини.
Грижата за чиста животна средина и поубава Битола, мора да биде континуирана и заедничка, во постојана соработка на локалната самоуправа, претпријатијата, институциите и граѓаните.
Можно е да е слика од 3 луѓе, надвор и дрво
Можно е да е слика од 1 лице, цвет и надвор
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани