АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лили Бошевска е новиот директор на КИЦ Битола под чија надлежност се Офицерскиот дом и Киното „Манаки“ во Битола. Градоначалникот Тони Коњановски веќе ја назначи Бошевска како вршител на должност со мандат од 6 месеци. Таа доаѓа на местото на Сандра Котевска која на оваа позиција беше од самото формирање на ЈОУ Културен информативен центар Битола, минатата година.
Бошевска во изминатите години во два навреди беше директор на ООУ „Свети Кирил и Методи“ Битола и во еден период прв човек на Универзитетската бибиотека „Св Климент Охридски“ Битола. Таа е автор на две книги проза и 4 книги поезија.