АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот Тони Коњановски и Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, на следната седница на Советот на општина Битола, ќе достават заедничка иницијатива со која, пензионерите од Битола, ќе добијат можност за бесплатно користење на јавниот превоз, два пати неделно, во вторник и петок.
Иницијативата претставува една од мерките кои треба да стимулираат поголемо користење на јавниот превоз во пазарните денови во кои раздвиженоста на овие наши сограѓани е најголема, а дел од нив користат превоз и од поодалечените населби и рурални места. Ваквата мерка, покрај бенефит за пензионерите, се очекува да влијае и на намалување на аерозгадувањето и зголемена употреба на јавниот превоз, како начин на движење низ битолските улици.
Одлуката се очекува да стапи на сила, во месец април, по усвојувањето на иницијативата од страна на Советот на општина Битола.