АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Четворица млади уметници, инаку матуранти во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, вечерва, во музејот на Ранко Струмениковски во Битола, во рамки на изложбата Nexus ги изложија своите уметнички дела. Секој од авторите, Ангела Дуковска, Анушка Симјановска, Антон Гагачев и Анастасија Јанкуловска се претставија со различна тематика и различен стил.
Изложбата ја отворија Драган Ристевски и професорот по ликовна уметност Александар Поповски, кои имаа многу пофални зборови за младите уметници
Ликовниот уметник и критичар Владо Ѓоревски – Рафик, рече дека има чест да зборува на изложба на млади ликовни автори, гимназијалци, што е од огромно значење затоа што уметноста ќе продолжи да живее во Битола.
За убавата атмосфера на отворањето на оваа изложба свој придонес имаа Андреј Петровски и Бојан Јанакиевски со своите музички настапи