2win800x200

Како ќе се одвива штрајкот на СОНК: Во училиштата нема да има настава, градинките ќе згрижуваат деца

Април 09, 2022

Два дена пред почетокот на генералниот штрајк што го најави СОНК на своето членство во училиштата и градинките, родителите добиваат насоки како да постапат со своите деца. Наставниците ќе дојдат во училиште, но нема да изведуваат настава, туку ќе бидат во просторија определена за нив.  На родитлите веќе им е соопштено да не ги носат децата на школо, а оние ученици кои ќе дојдат, ќе бидат згрижени од наставниците кии нема да протестираат или лице задолжено за згрижување на ученицте.

Министерството за труд и социјала денеска соопшти дека во сите предучилишни установи децата ќе бидат згрижени и за време на штрајкот.. Од градинките велат дека со децата ќе бидат воспитувачките кои нема да протестираат, но ниту едно дете нема да биде вратено дома.

Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата. Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), но не и за време на штрајк. По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст. “, се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика

Штрајкот на СОНК започнува на 11 април во понеделник по неколку неуспешни обиди за преговори со Владата и ресорните министерства за усогласување на платите во образованието со минималната плата на национално ниво. Ќе трае до исполнување на нивните барања а од СОН побраа родитлеите д аимаат разбрање за нивните протести.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани