АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Трет мастерс од Државното првенство во Амерички пул билјард од Б дивизијата се одржа на 9 април, а поради големиот број на пријавени играчи се игра во Гран клуб Скопје кој е и најголем и најопремен клуб во Македонија. И по третпат имаше над 30 играчи кој се натпреваруваа во nајпопуларната игра во светот таканаречената Деветка.
Битолските билјард фанови се навикнаа на успеси од своите миленици ,а пак затоа нашите Б лигаши се потрудија уште еднаш да ги почестат своите битолчани со добри игри и уште подобри резултати. Со 6 мина повторно бевме најбројни.
Тони Петровски со три победи обезбеди пласман во четвртфиналето и со 5 место држи приклучок зад четворицата кои до година ќе се пласираат во Првата лига. Златко Ицановски со пласманот во финалето го оствари планот, а тоа е дополнително да се одлепи бодовно и да е сам и безбеден на првото место во генералниот пласман.
Втор турнир по ред, Ѕвезда на турнирот е 21 годишниот Теодор Најденов кој со одлична игра и со пет сигурни победи стигна во финалето. Со освоените бодови е на високото трето место во генералниот пласман, а со оглед на бодовната разлика и формата која ја има ќе биде само формалност од наредна година да се приклучат со Златко Пепело на најдобрите. Прикажувајќи игра со однапред смислен план со професионален пристап на секоја топка и по начинот како ги изведува ударите во неколку наврати, Тео ни потврди дека во иднина треба да се смета на него..