2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Андреј подобар од Тео во Битолското финале

Мај 23, 2022

Полека, но сигурно Државното првенство од Б дивизијата за Американски билјард се движи кон крајот, а нашите сограѓани повторно не̍ радуваат во висок ритам кој што по се изгледа на останатите ќе им биде тешко да го пратат.

На 4 од вкупно седумте Мастерс турнири повторно бевме најбројни со седуммина учесници, а и овојпат повеќе од успешни. Се играше за широката популација најпознатата игра Осумка, а имаше вкупно 31 пријавен играч.

Николче Србиновски со две победи полека се враќа во игра , а маратонецот Тони Петровски спејализиран за Хил-хил мечеви стигна до 9 место губејќи баш во Хил-хил меч во губитничко квалификационо коло.

Во Квалификациите од вкупно 8 се пласираа вкупно четворица од Битола, а мечот помеѓу Златко Ицановски и Андреј Ангеловски ни ветуваше сигурен полуфиналист. Со петтото место Ицановски го задржа водечкото место во Генералниот пласман и само формалност е неговото учество до година во А дивизијата.

Жилавиот 63 годишен Наум Гулевски со второто последователно учество во четвртфиналето докажа дека и тоа како е незгоден противник победувајќи го притоа првиот овогодишен победник и покажувајќи желба за победа на која и младите можат да позавидат.

Теодор Најденов после киксот во првото коло се созеде и со добра игра стигна во финалето но можеше да се забележат недоречености во клучните моменти во неговата игра кои се должат на недоволното тренирање.

И Андреј и Тео стигнаа во финалето после Трилер полуфиналиња и во финалето влегоа потполно растоварени. Тоа беше финале во вистинска смисла на зборот кое се играше до 6 добиени каде се забележани по 4 break and run или по 4 марса каде што играчот разбива и ја завршува играта на една штека, народски кажано.

Сите почести за Андреј кој со Марс ја заврши последната игра и со резултат го освои првиот турнир. Во Битолското Финале на Тео (20г.) и Андреј (22г.) се играше игра која не е забележана ни во А дивизијата. Андреј Ангеловски направи вистински потег шо се врати во билјардот бидејќи се работи за играч со најдобра техника, добра поставеност на масата и осмислување на играње. Едноставно се работи за играч кого е задоволство да се гледа. И на овој турнир организатори и судии беа битолчаните Горан Думевски Панчо и Горан Петровски- Сајкал.

281651870 1399484503859996 4335674706879814707 n

281662096 1428315450948949 5242655302655260097 n

281827866 1417194968723531 1172316149525993819 n

281566092 1203695803730343 8439625924170533067 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани