2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Христо Василевски доминираше на турнирот во Струмица

Јуни 20, 2022

Дека билјардската еуфорија и тоа како владее, се покажа со Турнирот што се одржа во период од годината кога луѓето повеќе размислуваат каде на одмор, а официјално сезоната за билјард е на вообичаена летна пауза.

Во клубот „The First“  се одржа Промотивен турнир во дисциплина 9ка- „Струмица Опен“. За сите  да се чувствуваат како дома се погрижија сопственикот Иван, менаџерот Александар- Ате, љубезниот персонал и секако најзаслужните, големите ентузијасти и билјард играчи Мики Тодоров и Марјан Стоилов кој беа и водители на турнирот.

Публика имаше како никаде на друго место во градот и несебично ги наградуваше сите добри потези без притоа да фаворизира некого. Имаше вкупно 28 играчи и може да се каже дека беа присутни сите најдобри од Македонија. Се играше по системот на двојна елиминација, односно дозволен еден пораз,  до финале, така што во Големото финале, победникот од т.н. Зелена зона го чека победникот од Губитниците од Црвената зона и се добива освојувачот на Турнирот.

На пиедесталот беа тројца играчи и тоа Илче Трајковски од Битола, кој што после перфектниот учинок во саботата како да му снема сила во финишот и мораше да се задоволи со третото место. Втор беше Дејан Сипкоски од Скопје, играч со најголеми успеси во Македонија, но во финалето налета на забревтаниот битолчанец Христо Василевски, кој со перфектни шест чисти победи издоминира на турнирот. Според она што можеше да се види на овој турнир од Христо можеме слободно да констатираме, а секако кога би направиле споредба со се она што се случува во светот дека е на вистинскиот пат. Неговиот пристап кон играта во поглед на користење на услуги од еден од најдобрите европски тренери Ш. Тот, па и неговата желба за секојдневни тренинзи, смиреноста кога не е на маса, обмислувањето на играта, изборот на удари, поставеноста и правецот на телото- сето тоа укажува дека неговата доминација на македонската билјардска сцена е на повидок и повеќе од извесна.

288308124 1378521875969134 36111990915491025 n

Организаторот на турнирот обезбеди богат награден фонд и најави нов турнир за наесен со награден фонд досега невиден во Македонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани