2win800x200

Се укинува носењето маски во затворен простор

Април 12, 2022

На денешната седница на Владата e донесена одлука за укинување на мерката за задолжително носење маски во затворeни простории.

Исклучок ќе има во здравствените домови, аптеките, јавните превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување стари лица и лица со посебни потреби.

Одлучено е и учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство, без задолжително носење заштитни маски.

Владата на денешната седница ја укина и забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта.

Се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување надоместоци за попреченост и на комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани