“Госпоѓиците од Авињон“- балет создаден на музиката на Калиопи гостува во Битола

Април 13, 2022

На 19 април-вторник во Центарот за култура гостува Националната опера и балет со нова балетска магија. Станува збор за балетската претстава, „Госпоѓиците од Авињон“ на моќната музика создадена од Калиопи Букле, со кореографијата на Олга Панго и по либретото напишано од Сашо Димоски.

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ успешно ја доловува сликата за петте жени во животот на славниот сликар Пабло Пикасо, претстава инспирирана од истоименото дело на Пикасо, во која ќе ја видиме потрагата по љубовта, смртта и слободата. Билети по цена од 350 ден од денес во продажба на билетарата во Центарот за култура-Битола.

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани