2win800x200

(Фотогалерија)-Основците и средношколците ја негуваат традицијата и животната средина

Мај 06, 2022

 

Во акцијата „Генералка викенд“, која е поддржана од Општина Битола, се вклучија и ОУ „Елпида Караманди“, ОУ „Ѓорги Сугарев“, ОУ „Даме Груев“, ОУ „Стив Наумов“, ОУ „Д-р Трифун Пановски“, ОУ „Св. Климент Охридски“, а од средните училишта ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ и СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.
Учениците во основното училиште „Даме Груев“ во населбата Јени Маале, денес, на големиот празник Ѓурѓовден, ја споија традицијата, културата и екологијата. Низ песна и игра, со поставување врбови гранчиња, во чест на пролетта, будењето на природата и на животот, организираа и акција за расчистување, во рамките на „Генералка викенд“.
Градоначалникот Коњановски, го посети училиштето, каде учениците покрај чистењето, испратија и повеќе пораки за здрава и чиста животна средина, а беа и дел од работилницата во рамките на проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра“, кој Општина Битола, го спроведува во партнерство со општини од Албанија и Франција. Учениците од ова училиште се таканаречени чувари и интерпретатори на Старата чаршија, кои истражуваат и подготвуваат презентација и интерпретација за 10 интересни точки, за кои Општина Битола подготвува сигналитика која наскоро ќе биде поставена. Со овие работилници, учениците се мотивираат и на активно делување за грижа на културното наследство кое го поседува Битола, но и негова заштита од вандализми и несовесност.
May be an image of 8 people, people standing and outdoors
May be an image of 13 people, people standing, people sitting and outdoors
May be an image of 10 people, people standing and outdoors
May be an image of 10 people, child and people standing
May be an image of 6 people, child, people standing and outdoors
May be an image of 11 people, child, people standing and outdoors
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани