2win800x200

(Фото) Најмладите во посета на СВР по повод Денот на полицијата

Мај 06, 2022

Дечињата од градинките и основните училишта денес беа во гости на Секторот за внатрешни работи во Битола по повод 7 мај, Денот на полицијата. Најмладите гостинчиња се запознаа со опремата, возилата, со полициските службеници, учеа за знаците и правилата во сообраќајот.

policija 3

policija2

policija5

Одбележувањето продолжува и утре со положување цвеќе пред спомениците на бранителите. Низа свечености и активности се одржуваат во сите градови каде полициските подружници се под СВР Битола

На 20 Април 1993 година со одлука на Владата на Република Македонија 7-ми Мај е прогласен за Ден на македонската полиција. Владата на Република Македонија ја донела оваа одлука тргнуваќи од историските факти, кога за време на одржувањето на Смилевскиот конгрес во с.Смилево од 02-07 Мај 1903 година за прв пат селските стражи се реорганизирале во полициски чети со 24 часовно дежурство за обезбедување на конгресот.

 

Благодарност до сите гости и сите оние кои ни упатија честитки по повод нашиот свечен ден. Сакаме да упатиме честитка до сите наши колеги и колешки, и оние кои се пензионирани “ДА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ 7-ми МАЈ ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА“ Продолжете така професионално и одговорно да ги извршувате задачите со кои ќе ја гарантираме слободата и безбедноста на граѓаните“, порача раководниот кадар на СВР Битола.policija4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани