2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

10. Меѓународен велигденски кошаркарски турнир „Битола 2022“

Мај 06, 2022

Во организација на кошаркарскиот клуб „Младост“-Битола и Општина Битола утре и во недела ќе се одржи 10. меѓународен Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2022“. Натпреварите ќе бидат во четири категории: момчиња родени 2005/06 г., момчиња родени 2007/08 г., момчиња родени 2011-15 г. и девојчиња родени 2008/09 г. Учеството го имаат најавено екипите на: „Олимпија“-Лариса, Грција; „Мега баскет“-Прилеп, „Јасмин“-Кавадарци, „Охрид“-Охрид, „Декса“-Прилеп, „Пробаскет“-Кавадарци, „Пелистер“ и „Младост“ од Битола. Натпреварите ќе се играат во спортските сали „Боро Чурлевски“, Економско и Медицинско училиште. Свеченото отворање на турнирот ќе биде утре (Сабота) од 17.00 часот во спортската сала на Медицинското училиште „д-р Јован Калаузи“.

- По пауза од точно три години повторно го организираме овој турнир со домашни екипи поради актуелната здравствена состојба. Единствени гостин од странство ќе ни биде екипата на „Олимпија“ од Лариса-Грција каде долги години беше тренер легендата на македонската кошарка Стерули Андоновски. Очекуваме квалитетни натпревари и пред сè, дружење на младите играчи-ни изјави Горјан Стојановски, претседател на организациониот одбор на турнирот, рече Владимир Прчков, член на организацијата кошаркарскиот турнир. 

Покрај официјалниот дел, турнирот ќе опфати и натпревари на младите членови од КК „Младост“ во кошаркарски вештини, шутеви за 3 поени и слободни фрлања, а планиран е натпревар на ветерани од КК „Младост“ кои во минатото го прославија клубот во земјата и странство во периодот 2003-2007 г. (два пати Шампиони на Македонија, 3.место на турнир во Острава, Чешка Република и 4. место на турнир во Гетеборг, Шведска).

кк

кк2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани