АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 06.05.1942 година, при обид да биде легитимиран од бугарскиот обласен полициски началник Ќурчиев, наместо да му ја даде личната карта на началникот, Народниот херој Стеван Наумов-Стив од џебот изваде пиштол и на лице место го уби овај злогласен крвник. Убиството се случи во центарот на Битола во месноста позната – кај Калугериците.
Потоа се скри во куќата на Пецо и Антула Стефановски, која Стив и другарите Киро Крстевски- Платник и Лазо Хаџи Поповски Пламен, ја користеа како илегалци.
Иако, бугарските полицајци извршија целосна блокада на Битола и претрес на куќата, благодарејќи на снаодливоста на домаќините, тие не биле откриени.
Овај настан силно одекна во Битола, а за истиот пишуваа и весниците во САД, првпат објавувајќи дека нешто се случува во окупираната Македонија.