АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Состојбите во македонските затвори се менуваат , но потребно е уште многу работа за подобрување на условите. Целта на затворската казна не е само некого да го затвориме и да го заборавиме, туку повторно да се интегрира во општеството, посочија експертите на денешната меѓународна конференција „Третманот на осудените лица, како до успешна ресоцијализација “, што се одржа на Правниот факултет во Битола.
„Ние кај нас разговараме, замислете, за материјални услови и подобрување на објектите на казнено-поправните установи, а говорничката од Финска зборува за смарт затворот или од Естонија за дигитализација на затворите.Во овој дел имаме многу работа, тоа го нотира и Комитетот за превенција од тортура во своите извештаи, но покрај критиките дава и позитивни забелешки дека се менува и пристапот и материјалните услови во казнено-поправните установи. Не може сите оддеднаш да се подобрат, една по една, но најголемите забелешки се насочени кон Идизово, каде треба се̍ уште да се работи многу во однос на материјалните услови“, рече професорката Ангелина Станојоска од Правниот факултет од Битола.
Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции рече дека ресоцијализацијата на осудените лица кај нас не е на задоволително ниво, но дека се прават максимални обиди да се подобри ситуацијата.
„Ресоцијализацијата има за цел намалување на рецидивите и и повратниците во казнено-поправните домови. Имаме изготвено програми по кој работиме, разменуваме искуства со меѓународни институции. За жал, не е на задоволително ниво, но вложуваме максимални напори да ја постигнеме целата. Соработуваме со Министерството за образование, имаме образовни програми низ кои минуваат осудени лица, учење на занети и слично. Главен проблем е невработеноста. По излегувањето до затвор не знаат што да прават и можеби тоа е една од причините што ги повторуваат кривичните дела за кои веќе излежувале затвор“, рече Спасовски.
Сепак, има примери на осудени лица кои завршиле обуки за готвачи, пекари, машино бравари, , се вработиле, создале семејства кои ги издржуваат толку од занетот и образованието што ги сеткнаа во казнано-поправите домови.