2win800x200

Тодоровска: приоритет во нашиот град е потребата од нови градинки-1-ви Јуни - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ДЕТЕТО

Јуни 01, 2022
Сите ние знаеме дека не постои нешто почисто и посвето од детските очи, од детската насмевка, од детскиот ѕвонлив глас. Затоа наша мисија и наша должност е да ги направиме децата среќни.
Во 1925 год. на Светската Конференција за благосостојба на децата одржана во Женева,УНИЦЕФ донесе одлука 1-ви Јуни да се прогласи за посебен ден на децата.Целта на одбележување на овој ден е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата.
На овој ден сакам да испратам апел до целата јавност,особено до Општина Битола,градоначалникот и Советот на општината,за една голема желба на битолските деца, да престојуваат во градинка.
Над 700 деца се на листата на чекање за престој во градинките во Битола,од каде што произлегува дека приоритет во нашиот град е потребата од нови градинки.
„Еднаш сите бевме деца и ние треба да ја делиме истата желба за унапредување на добробитот на нашите деца.Тоа беше и ќе остане универзална инспирација на целото човештво“, ова е пораката од  Снежана Тодоровска, директор на ЈОУДГ„Мајски Цвет“- Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани