2win800x200

Дојде со велосипед, ладнокрвно и смислено ја запали вратата-Генчовска вели камерите „фатиле“ како бил подметнат пожарот

Јуни 05, 2022

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во интервју за софиската телевизија бТВ, во директен пренос од Скопје како и за Бгнес коментира што дознала за инцидентот во Битола, во кој вчера беше опожарена влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. 

-На снимките на една од камерите можев да видам човек кој мирно пристигнува со велосипед, вади цевка со запалива течност и мирно ја истура течноста пред вратата од куќата. Оваа смиреност беше малку нарушена, бидејќи пожарот што избувна беше огромен, се исплаши, се сомневам дека лицето има некои повреди од овој пожар, можеби ќе побара лекарска помош. Човекот носи маска, рече Генчовска додавајќи дека лично смета дека ова „дело е направено ладнокрвно, смислено и намерно“.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани