АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во чест на прерано починатиот битолчанец, граѓански и еко активист, Нешат Аземовски, Ротари клубот „Битола Широк сокак“ и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола викендов, во Зоолошката градина во Битола ја промовираа збирката поезија „Младите поети пишуваат за планетата Земја“.
Поетскиот конкурс „Младите поети пишуваат за планетата Земја“, беше објавен по повод 22 април – Светскиот ден на планетата Земја и 23 април – Светскиот ден на книгата.
Збирката поезија беше промовирана во Зоолошката градина - Битола , во неделата, по повод Светскиот ден на животната средина. Збирката поезија содржи 43 песни, а учестуваат млади поети од нашата земја и од соседните земји.
Нешат Аземовски, беше долгогодишен еко-активист и основач на невладината „Биосфера“, борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација и активности од други области, промотор на вредностите на мултикултуризмот, препознатлива личност со својот активизам не само во Битола и Македонија, туку и надвор од државата.