АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По деветчасовен застој поради одрон и поплава, расчистен е патот Росoмaн-Прилеп преку Плетвар.
Сообраќајот е нормализаран после 15 часот попладнево, откако целосно беше забранет од утрово во 6 часот. На расчистување работеше градежната фирма која го гради новиот пат Градско-Прилеп.
Од Ценатрот за управување со кризи велат дека обилните врнежи од дожд, покрај одрони на патиштата, предизвикаа и поплави во куќите во повеќе села и градови и на земјоделското земјиште. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи најмногу воден талог во изминатите 24 часа наврна во Прилеп, Крушево, Дебар, Демир Капија, Скопје. Во Битола наврнаа 19 литри на м2 квадратен воден талог. Метеоролозите предупредуваат на нови локлани интензивни врнежи и појава на свлечишта и одрони.