2win800x200

Татјана Марковска е новиот директор на ОУ „Александар Турунџев“ во Кукуречани

Јуни 17, 2022

Татјана Ерековчанска Маровска е избрана за нов директор на ОУ „Александар Турунџев“ во Кукуречани. Со решение на градоначалникот Тони Коњановски, во наредниот период Марковска ќе го води основното училиште во Кукуречани под чија надлежност се шест подрачни училишта, чии што основач  е Општина Битола. Марковска е вработена подолг период како одделенски наставник во ова училиште, во кое учат над 200 основци. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Бранка Лазаревска. Општина Битола, минатиот месец транспарентно на својата веб страница го објави ревизорскиот извештај за работата на Лазаревска во изминатиот период, со забелешки во однос на трошењето на јавните пари во делот на јавните набавки.  

Во наредниот период во повеќе училишта во Општина Битола ќе дојде до смени на директорските позиции, пред се поради истекување на нивните мандати. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани