АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Под мотото „Мислата е слободна“, а со театарски спектакл „Магбет“на полскиот театар „Александар Вегиерко“ во режија на Грегор Суски, утре вечер од 20 часот во Народниот театар од Битола започнува осмото издание на Битола Шекспир фестивал.
„ Продукција која пристигна од Полска е комплетна, дојдоа со камиони, со опрема, спектакуларно отворање ќе имаме во сабота. Од театарските трупи имаа желба да бидат и оваа година со нас, некои се по втор пат учесници, па сами обезбедија средства да дојдат тука, а на нас остана само само да им обезбедиме хотелско сместување и храна“, рече директорот Иван Јерлиќ.
Во шесте фестивалски денови ќе бидат изведени десет театарски претстави, промоција на книга, а во оф програмата забава со бендови диџеи. Гостуваат театарот „Андон Зако Чајупи“ од Корча, Албанија со „Венецијанскиот трговец“, Градскиот театар од Подгорица , Црна Гора со „Кротењето на фуријата“ во режија на Дејан Пројковски, Imperfect Dancers Company од Италија со „Ромео и Јулија последните часови’’, „Хамлетелиа“ на Кино театар Барати и Каролина Пагани театар Италија, „Хамлет“ Драмски театар од Плевен Бугарија, „Магбет“ како студенстки испит на Факултетот за драмски уметности Скопје и „Бура“ независен проект. Од македонските театри претстава има само Народниот театар од Битола- „History of motherfuckers-Кориолан“на режисерот Андраш Урбан.
„Жал ми е што македонските театри почесто не се зафајќаат со Шекспир, оваа година останавме без ниту една понуда од театар, па и во последните неколку години на македонски театар кој што го поставил Шекпир. Не можам да кажам точно зошто. Можеби короната си го направи свеото и театарите се поретко се зафајќаат со големи продукции зато Шекспир бара присуство на повеќе актери на сцената . Тоа е прашање на репертоарска политика. Ние се трудиме да го имаме барем на секои две години“, додаде Јерчиќ.
Годинва се со преполовен буџет. Ако до пред две години, лани и преклани немаше фестивал поради коронавирусот, имаа 3 милиони денари, сега имаат 1,6 милиони денари. Од нив еден милион од Министерство за култура и останатите од Општина Битола. Но, изразија благодрнмост кон двете институции знаејќи дека ова е време на голема финансиска криза.
„За мене најдлабоката човекова слобода е слободата на мислата. Живееме во несигурно и чудно време во кое е многу полесно да се нема мисла, став и индивидуалност, во кое се почесто е можно мислата да биде полна со сомнеж , страв, затворена, неперспективна. Тоа е се што мислата на еден уметник не смее да биде. Мислата на уметникот мора да биде остра, брза, длабока, полна со фантазија. Таквата мисла ќе биде цврста основа од која може да се создава уметност и ќе одекнува дури и во најнеизвесните времиња“, рече Илина Чоревска.
На крај нагласи: „ Ние уметниците сме должни да се бориме дури и со самите себе за слободата на мислата , а со тоа и за слободата на уметноста“.