АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Стефче Петровски, дипломиран социолог, наставник по граѓанско образование е избран за ве-де директор на ООУ „Тодор Ангелевски“ во Битола. Тој доаѓа на местото на Љубица Стерјева. Петровски и претходно го водеше училиштето во времето на Владимир Талески.
Во ООУ „Климент Охридски“ Битола, после изминат еден мандат, повторно за ве-де директор е избрана Гордана Анастасова. Анастасова беше кадар на екс градоначалничката Наташа Петровска, а во последниот период со смената на раководството во ОО на СДСМ Битола доби висока партиска финкција и е избарана за секретар на општинската организација.
Втор мандат да го води ООУ „Елпида Караманди“ Битола доби и Тања Дамчевска, иста така кадар на СДСМ.