2win800x200

(Видео) Расправа за тоа кој вработувал партиски кадри

Јуни 24, 2022

Кавга меѓу советниците за нови вработувања во Општината. Според СДСМ за шест месеци се вработени 20 партиски војници  и велат Општината е претворена во штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а овие пак одговараат дека лицата се ангажирани преку Агенција за вработување поради пензионирање на досегашни вработени.

„Имате преку 20 партиски вработени во Општината, а не експерти од некаква област. Направете анализа кои експерти ѝ се потребни на Општина Битола, од кои области и да ги поминеме како систематизација зашто тие луѓе треба да служат за работата на Општината, но професионалци, а не партиски војници. Поставив прашање на Комисија за финансии и официјално добив одговор дека биле само тројца, страмота е . Во штаб на ВМРО-ДПМНЕ  ја претворивте Општината  Битола за шест месеци, штаб, бе штаб“, рече советникот Методија Илиевски.

Тој коментираше: „Сите знаат дека во Општината е вработен шеф на урбанизам од Ресен. Што има направено и кои се придвижувањата во урбанизмот и кои се резултатите од неговата работа?“

Бојан Бојкоски, советник од ВМРО-ДПМНЕ одговори дека 20 лица се ангажирани преку Агенција што било пракса и за време на претходната локална власт предводена од СДСМ.  

-За 20 вработувања не е точно дека се вработени, тие се ангажирани како што и вие ги ангажиравте, 20 лица преку агенција за вработување зашто оние кои заминуваат во пензија нормално е дека треба да се земат лица што ќе работат , да ја научат работата и да ја преземат подоцна да нема кочење.  

Посочи дека на овој начин порано се ангажирале курири кои добро не си ја вршеле својата работа. „ Се ангажирале курири иако е евидентно дека не вршеле достава на решенија . 35 проценти од вкупниот број на решенија не биле доставени до обврзниците“, рече Бојкоски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани