2win800x200

Обука во виртуелна реалност за равој на претприемчнички вештини

Јули 03, 2022

Во просториите на Младински Центар - Млади Хаб Битола се одржа првата обука во виртуелна реалност за развој на претприемнички вештини. Обуката се реализира во рамките на проектот: „Развој на претприемнички вештини кај млади од ранливи категории со примена на виртуелна реалност“, дел од мрежата “WB&T for EmploYouth”, финансиран од European Union и имплементиран од Fondacija Ana i Vlade Divac (Serbia), NGO Prima Association Prima (Montenegro), Youth Alliance Krusevo (North Macedonia), Albania for Change and Development, Community Volunteers Foundation (Turkey). 

Здружението за европска интеграција ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА од Битола во соработка со компанијата за информатичка технологија Cythero- Битола, ја организира првата од вкупно три обуки во виртуелна реалност со цел промоција на концептот „учење преку правење“ (Learning by doing), обезбедувајќи развој на претприемнички вештини преку виртуелна реалност во иновативна и инклузивна средина за учење.  

оника 3

Развојот на претприемничките вештини преку примена на виртуелна реалност претставува техношка иновација и иновација во процесот, што овозможува осовременување на процесот на стекнување на знаење. Проектот во основа ги користи промените како можност за реализација на активности кои се однесуваат на примена на ИКТ технологијата во процесот на стекнување на знаење.

На обуката присуствуваа 20 млади луѓе, кои имаа можност заедно со тимот на Cythero да се обучуваат во виртуелна реалност. Проф. д-р Никола Рендевски одржа воведно и инспиративно предавање за виртуелната реалност, што предизвика голем интерес кај присутните. Целта на проектот е да се истакне потребата од негување на претприемачкиот начин на размислување кај младите, имајќи предвид дека сетот на знаења, вештини и компетенции кои се бараат на пазарот на труд станува сè поширок и поширок. Ваквиот асертивен пристап кон претприемништвото во голема мера може да им помогне на младите луѓе да најдат работа, да ги направи повеќе склони кон преземање деловни иницијативи.

обука 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани