2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден загинал Коста Солев Рацин

Јуни 13, 2018
 На  13  јуни во 1943 г,  на денот на отпечатувањето на првиот дел од првата стихозбирка во слободната македонска литературна историја „Македонски народно-ослободителни песни“  во несреќен случај во Лопушник, Кичевско, загинал Коста Солев Рацин.
 
Бил роден во Велес на 22 декември во 1908 година, бил припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, поет, есеист, културно-историски истражувач, публицист, општествено-политички и македонски национален деец, марксистички филозоф.
 
Како член на МК на КПЈ во Велес учествувал на партиската покраинска конференција на 20 октомври 1928 г., кога бил избран за единиствен делегат од Македонија на Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден (кој се одржал од 5 до 15 ноември 1928 г.) На враќање, на 20 ноември 1928 г., од Германија бил уапсен во Дравоград, Словенија и по тешките иследни полициски дејства во Солин и Сплит, на 2 март 1929 г. бил ослободен „поради немање докази“. Од 1928 г. објавувал поезија и проза на српски, а од 1936 г. и стихови на македонски јазик.
Бил секретар и на Културно-уметничкото друштво „Абрашевиќ“. Во 1934 г. бил уапсен и осуден на 4 години затвор во Сремска Митровица. Амнестиран бил од робијата по сила на закон во 1935 г., се вратил во Велес, но бил под постојан надзор од полицијата. По 1941 г. бил уапсен и гонет и од бугарските власти, па побеганал во Софија каде се зближил со соборците од Македонскиот литературен кружок (МЛК).
 
Се вратил во Велес и активно учествувал во легалната, но и во нелегалната националноослободителна дејност на КПЈ. Одново бил уапсен и интерниран во пиринското село Корница. По враќањето, отишол во партизани.
Во мај 1943 г. бил во опкружувањето на највисокото партиско и воено раководство на македонското националноослободително и комунистичко движење и бил именуван за уредник, лектор и коректор на првата македонска партизанска печатница „Гоце Делчев“ на слободната територија на Лопушник, Кичевско.
 
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани