АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Градскиот парк во Битола се гради ново детско катче донација од БИМИЛК
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски вчера изврши увид во теренските активности за изведба на ново детско рекреативно катче, лоцирано наспроти стадионот во Градскиот парк, кое е донација од компанијата Бимилк, по повод 70 години од постоењето на овој битолски бренд. Претставниците на компанијата го запознаа градоначалникот со динамиката на изведба и реквизитите кои што ќе бидат поставени во ова катче, наменето за најмладите. Градоначалникот Коњановски ја потврди одличната соработка со компанијата Бимилк и истакна дека сѐ повеќе е изразена потребата од нови катчиња за рекреација во градот.