2win800x200

Општината одредува нови локации за отстранувањето на дивите гаражи - корисниците предвреме ќе бидат известени

Август 23, 2022

 Во завршна фаза е остранувањето на дивите гаражи зад зградата ЈАТ во Битола, по што ќе следува уредување на просторот. Во меѓувреме Општината одредува нови локации каде ќе се отстрануваат нелегално поставени гаражи, а досегашните корисници ќе бидат известени за да го испразнат просторот.  

-Акцијата за отстранување на диво изградените гаражи и објекти во градот и натаму ќе се спроведува од страна на општина Битола. Бидејќи станува збор за многу локации и многу барања од страна на жителите на поголеми населби во градот, да се стави конечно ред со диво изградените гаражи и објекти, се утврдува редоследот на постапување. Исто како и кај гаражите зад зградата кај поранешен ЈАТ, така и за следната интервенција, јавноста ќе биде известена, а претходно и сопствениците на диво изградените гаражи, со цел да ги отстранат предметите кои што ги чуваат во нив, соопштија од Општина Битола за Апла.мк. 

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани