2win800x200

„Возете внимателно, не зборувајте на мобилен!“- превентивна активност на СВР Битола

Септември 08, 2022
Денеска (8 септември 2022), полициски службеници од СВР Битола, ОП Битола и ПС за БПС од Битола и ПО за БПС Ресен на патот Битола-Ресен кај место викано "Макази", на излезите за туристичките места во ресенско и излезот кон Охрид, како и на "краварски пат "- Битола кон излез за Република Грција, заради зголемена фреквенција на возила поради празникот 8 септември спроведоа превентивна активност со цел подигање на свеста за поголемо внимание на возачите при управување на возилото.
На возачите им беше сугерирано да не користат мобилни телефони додека управуваат возило, бидејќи истото го одвлекува нивното внимание и тие не може да се фокусираат на патот. Да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и да прават паузи при долго возење бидејќи заморот е една од главните причини за сообраќајни несреќи. На возачите им беше поделен и соодветен материјал со едукативна содржина.
Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат, автомобил и пат
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани