Прв академски час на првиот циклус на додипломски студии во Бизнис академија Смилевски за студиската 2022-23 година

Октомври 04, 2022

Во Бизнис академија Смилевски БАС Битола во своите супер современи услови се одржува првиот академски час на додипломските студии.

Оваа академска година се запишува 15-тата генерација студенти кои своите знаења ќе ги стекне на двете програми за стручни студии  по бизнис менаџмент и маркетинг менаџмент.

Преку студиската програма по бизнис менаџмент се градат професионални компетенции за планирање, организирање, водење и контролирање на бизнисот надополнети со повеќе од 100 денови студентска пракса во успешни македонски компании со можност за вработување. Стекнатите знаења ќе ги имплементираат како надзорници и оперативни менаџери.

Од оваа академска година започнуваме со новата програма по маркетинг менаџмент преку која ќе се градат компетенции за идните маркетинг менаџери кои се повеќе стануват составен дел на секоја компанија и истите го максимизираат профитот преку целосно задоволување на потрошувачите и комплетното истражување на пазарот. Маркетинг менаџерите ќе работаат во насока на усогласување на целите, способностите и ресурсите на компаниите, со потребите и можностите на пазарот.

Квотата на студиската програма по бизнис менаџмент за оваа студиска година е 100% пополнета, а квотата на студиската програма по маркетинг менаџмент е 60% пополнета што во однос на претходните години забележуваме континуиран раст на новозапишани студенти.

Дипломата на БАС е признаена ширум светот и тоа: САД, Австралија,Шведска, Германија, Австрија, Словенија, Тајван и многу други земји.

Над 80% од редовните студенти се вработуват после завршувањето на додипломските студии, а дел и во текот на студиите.

Над 50% од вонредните студенти кариерно напредуваат во своите организации, а голем е бројот на сопствениците на бизниси кои ја подобруваат својата конкурентност вклучувајќи го новото знаење стекнато од БАС.

На идните менаџери во името на основачите на БАС им се обрати проф. д-р Цветко Смилевски кој меѓу другото го истакна успешниот развој на неформалното во формално образование и : ,,30 години градиме професионални менаџери преку нашите три институции: Детра Центар, Бизнис академија Смилевски и БАС Институтот за менаџмент. При тоа, во овие петнаесет години од постоењето на БАС над 2500 студенти сме подготвиле за оперативни, бизнис и статегиски менаџери, а од оваа година почнуваме да градиме и успешни маркетинг менаџери.“

Првиот академски час во истото време се одржа и на локацијата на Бизнис академија Смилевски во Скопје.

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани