АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во РЕК Битола во полн ек е ремонтот на Блок 1. Во активностите се вклучени вработени на комбинатот и стручни лица од домашни компании.
Заради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30тина дена, наместо вообичаените 45 и повеќе. Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството.
Ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола предвидено е да заврши до 15 октомври, по што ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК Битола би продолжил со работа со полн капацитет.