2win800x200

Нов асфалт и реконструкција на улицата „Стара чешма“

Октомври 20, 2022
Со денешното асфалтирање, завршуваат инфраструктурните активности на ул. „Стара чешма“, како дел од проектот најавен од страна на градоначалникот Тони Коњановски, за реконструкција на 23 улици во оваа градежна сезона.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, изврши увид во работните активности на терен, при што беше информиран дека на двата краци од оваа улица, претходно беше извршена промена на мешовитата канализациона мрежа во должина од 230 метри, во вредност од 1.345.757 денари. По оваа интервенција, се работеше на тампонирање на коловозот.
Со денешното асфалтирање во должина од 270 метри на двата краци од улицата, во вредност од околу 4.000.000 денари, завршува целосната реконструкција на ул. „Стара Чешма“.
Можно е да е слика од 8 луѓе, луѓе што стојат, дрво и надвор
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани