2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ТРАДИЦИОНАЛНА НОЌНА АТЛЕТСКА ТРКА „4 НОЕМВРИ“

Ноември 03, 2022

Како дел од програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, се одржа традиционалната ноќна атлетска трка „4 Ноември“.

nokna trka 04 1

На 64 та по ред ноќна атлетска трка, зедоа учество над 500 учесници и тоа ученици од 4 до 9 одделение од основните училишта и ученици од сите 4 години од средните училишта.

 

nokna trka 05

На најстариот спортски настан во градот, зедоа учество и вработени од РЕК Битола и Кромберг и Шуберт со машка и женска екипа, како и други граѓани.

nokna trka 11

Учесниците на трката ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој изрази верување дека ваквите натпревари ќе бидат поттик за што повеќе спортски активности на младите битолчани, а почесниот претседател на Сојузот на спортови, Димче Миновски, говореше за историјатот на трката и големите спортски имиња од Битола, кои своите почетоци ги имале токму на ваков начин.

nokna trka 12

На традиционалната ноќна атлетска трка, која се одржува во организација на Сојузот на спортови, во соработка со Сојузот на училишен спорт, а со поддршка од општина Битола, за најдобрите беа доделени златен, сребрен и бронзен медал, за освоено прво, второ и трето место.

Екипни победници на трката се: од основните училишта ОУ Коле Канински, а од средните Гимназијата Јосип Броз Тито.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани