2win800x200

Библиотеката и ОУ „Даме Груев“ ги одбележаа месецот на книгата и училишните библиотеки

Ноември 08, 2022

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и ООУ „Даме Груев“, заеднички го одбележаа Месецот на книгата и Меѓународниот месец на училишните библиотеки.

Официјалното одбележување на Денот на библиотеките започна во 1999 година на иницијатива на УНЕСКО. Овој статус првпат го објави претседателот на Меѓународната асоцијација на училишни библиотеки, Питер Јенко, во 2005 година. Во 2008 година координаторот на проектот објави дека еднодневниот празник се претвора во меѓународен месец, односно од тој момент во октомври е месецот на училишните библиотеки. 
 
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и ООУ „Даме Груев“- Битола,со низа активности го одбележаа Меѓународниот ден на училишните библиотеки и Месецот на книгата. Изминатиот период беше распишан ликовен и литературен конкурс на кој пристигнаа голем број квалитетни и креативни литературни и ликовни творби.
Во врска со активноста формирана беше комисија на избор на најквалитетните творби, кои  изобилуваа со својот квалитет и креација при што комисијата имаше сериозна работа да ги избере најуспешните.
313403544 505574634944859 7916352605930697203 n
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и ОУ „Даме Груев“ – Битола ги доделија денеска следниве награди:
Ликовен конкурс од 1-5 одд.
1 награда – Ангела Орџановска 5 одд., ментор Даниела Талевска
2 награда – Ангела Петровска 5 одд., ментор Снежана Илијевска
2 награда – Леона Лазаревска 5 одд., ментор Катерина Солаковска
3 награда – Љубица и Костантина Андонови 3 одд., ментор Летка Степановска
314731986 505574248278231 7782705060258745526 n
Ликовен конкурс од 6-9 одд.
1 награда – Матеја Димевска 7 одд. с. Долно Оризари, ментор Весна Дунимагловска
2 награда – Дамјан Талевски 8 одд., ментор Весна Дунимагловска
3 награда – Христина Боризовска 8 одд., ментор Весна Дунимагловска
Литературен конкурс од 1-5 одд.
1 награда – Христина Јовевска 4 одд., ментор Татјана Петровска
2 награда – Изабела Трпчевска 3 одд., ментор Наташа Настевска
3 награда – Николија Матеска 3 одд., ментор Наташа Настевска
Литературен конкурс од 6-9 одд.
1 награда – Софија Костадиновска 8 одд., ментор Борче Димитровски
2 награда – Леона Азeмовска 7 одд., ментор Ленче Богоевска
2 награда – Дамјан Талевски 8 одд., ментор Лидија Вишин
3 награда – Ева Нечовска 8 одд., ментор Лидија Вишин
313409721 505573798278276 6557827760189095119 n
Библиотеката се заблагодари и до библиотекарките Билјана Герас и Роза Јовановска за соработката, посебниот интерес и залагање со цел успешна реализација на овие активности и подигнување на интересот и нивото за читање, пишување и творење кај учениците. Благодарност испратија и до директорката на ООУ „Даме Груев“ - Битола Билјана Дамчевска и менторите:
- Даниела Талевска
- Снежана Илијевска
- Катерина Солаковска
- Летка Степановска
- Весна Дунимагловска
- Татјана Петровска
- Наташа Настевска
- Ленче Богоевска
- Борче Димитровски
- Лидија Вишин
 
Во холот на библиотеката е поставена изложба од креативните литературни и ликовни творби од настанот. Изложбата ќе може да се разгледа до 11.11.2022 година.
314133083 505573921611597 1658441186148088010 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани