2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Завршија градежните работи за северната трибина на стадионот во Битола

Ноември 09, 2022
Фотографијата е од 2021 година Фотографијата е од 2021 година

Градежните активности за кои Општина Битола имаше склучено договор со Гранит за изградба на северната трибина на Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола се целосно реализирани. Тоа значи дека заврши изградбата на северната трибина, соопшти градоначалникот Тони Коњановски на денешната седница на Совет. (9.11.2022)

„Во тек е реализација на договорот за поставување на сточчиња за седење на трибината, за скоро време целосно ќе се постават. Преку договорот што Општината го има склучено со Фудбалската федерација на Македонија треба да бидат поставени четири главни големи рефлектори што ќе го осветлуваат стадионот и на нив веќе се работи преку поставување на електриката“, рече Коњановски.

Тој посочи дека добро е и Владата да размисли за овој проект кој Општина Битола го реализираше од сопствен буџет и се уште плаќа и да инвестира средства во реконструкција на другата трибина по примерот на Општината како овој објект би добил целосна рамка како што треба да изгледа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани