2win800x200

Полицијата го фати крадецот кој предизвика поплава во Центaрот за култура во Битола

Ноември 21, 2022

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Б. В.(23) од Битола поради сторено кривично дело тешка кражба на 19.10.2022 во Центарот за култура Битола. Б.В. го признал делото и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава.

На 19 октомври Апла.мк објави дека крадци ја украле чешмата со што предизвикаа голема поплава во горната сала од Центарот за култура во Битола. 

„Крадците ја скршија вратата и влегле горе, украле две чешми и водата течела цела ноќ. Се направила поплава во горниот дел, во салата. За да истече  побрзо поголемата количина на вода надвор од просторијата и објектот, зашто не можеше да истече на друг начин,   на неколку места од подот  се пропуштија со бормашина дупки и на тој начин почна да истекува надвор. Не можеше со пумпа да се извлечи зашто  огромна е површината, а нивото на водата беше плитко",  ", рече тогаш Маја Андоновска -Илијевски, директорка на Центарот за култура. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани