АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен - МОБИЛНОСТ БИТОЛА и Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење ГАУС Институт – Битола, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември и одбележувањето на 35 години МОБИЛНОСТ БИТОЛА, имаат чест и задоволство да Ве поканат на промоција на алатки за пристапен туризам, наменети за лицата со попречености.
На настанот ќе се промовираат:
Со овие алатки Битола повторно ќе биде прв град на Балканот (а и пошироко), овојпат како прв град со туристичка понуда за лицата со попреченост.
На промоцијата ќе се обратат:
- Градоначалникот на Општина Битола - д-р Тони Коњановски,
- Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, идеен творец и проектант на горенаведените алатки – проф. д-р Игор Неделковски,
- Претседателот на МОБИЛНОСТ БИТОЛА – прим. д-р Нико Јанков,
- м-р Јове Парговски, изработувач на алатките и
- Весна Софронијевска, физиотерапевт и членка на Здружението на слепи лица - Битола, која ќе ја демонстрира употребата на алатките.
Настанот е дел од проектот „Алтернативно туристичко искуство – Алтернативно патување“, кој МОБИЛНОСТ БИТОЛА го имплементира во рамките на ИПА Интеррег Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“, и е ко-финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички. Целта на проектот е да мотивира трансформација на една територија во инклузивна и пристапна туристичка дестинација, како и да го поддржи одржливиот развој на туризмот за природното и културното наследство во прекуграничниот регион.