2win800x200

"Обоиме во пријател"-традицонален марш на лајонс клубот "Кабадаја" за поддршка на лицата со попреченост

Декември 05, 2022

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во организација на Здружението за хумантитарни дејности, Лајонс клуб „Кабадаја“ од Битола, денес се одржа традиционалниот Марш низ Широк сокак. Дел од овој настан беа над 400 учесници, кои потоа ја проследија културно забавната програма, пред Офицерскиот дом, каде во знак на поддршка на лицата со попреченост под мотото „Обои ме во пријател“, беа пуштени балони во различни бои.

Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој рече:

lica so poprecenost 11

„Денешниот настан е уште една потврда на нашето заедништво, пријателство и соработка, низ кои секојдневно настојуваме да создадеме можности за успешност на секој поединец, зошто секој од нас е подеднакво важен.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост е само еден ден, на кој гласно говориме за предизвиците, но сите денови во годината, наша обврска е колку што можеме повеќе да ги подобриме условите, да овозможиме социјално интегрирање на лицата со попреченост во сите сфери на општеството, како и пристап до сите институции.

Верувам дека, овој настан „Обоиме во пријател“ кој има долгогодишна традиција и годинава, преку своите активности, ќе влијае на зголемување на свеста за еднаквост помеѓу сите нас и со таква сплотеност, ќе можеме да зборуваме за нови успешни приказни, кои ќе бидат потврда за успешен инклузивен процес, социјализација и најважно: соработка помеѓу сите нас“, рече градоначалникот Коњановски.

lica so poprecenost 05

 

"Игри без граници" во организација на Порака

 

Во организација на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА Битола, по повод “3 декември Меѓународен ден на лицата со попреченост“, во ОУ „Трифун Пановски“, се одржа настанот ,,Игри без граници“ чија цел е подигнување на јавната свест, зголемување на можностите за лицата со попреченост да создаваат и учествуваат во секој аспект на општественото живеење. Настанот на кој присуствуваше и градоначалникот Коњановски, се реализираше со поддршка од општина Битола, преку Програма за социјална заштита.

lica so poprecenost 27

„Даваме поддршка, кажуваме дека сме сите еднакви и тоа од срце го чувствувам и како градоначалник, меѓутоа и како лекар. Да помогнеме и како локална самоуправа и како совет, да овозможиме услови, да ги прифатиме лицата со различности, оние кои имаат потреба и да направиме се што треба и во училиштата и во установите“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

lica so poprecenost 32

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани